fbpx

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лагите, просечната пензија за две години пораснала за 826 денари

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Невидено лицемерие е токму ВМРО ДПМНЕ, партијата која со своето расипничко и криминално владеење со години им го кратеше она кое што законски им следуваше на пензионерите, денес да зборува за усогласување на ензиите.

Со своето неодговорно и криминално владеење, ВМРО ДПМНЕ остави долг од 15 милијарди денари, а денес лаже и манипулира.

Ако некој ги кратеше пензиите тоа беше ВМРО-ДПМНЕ која правеше усогласувања надвор од законската рамка и не им го исплаќаше целото покачување на пензионерите кое им следуваше со закон.

За разлика од таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ денес Владата предводена од СДСМ со новата пензиска реформа обезбедува редовни и повисоки пензии за сегашните и идни пензионери.

Ако кон крајот на 2016 година просечната пензија била 13.754 денари, а во март 2019, во време на Владата на СДСМ, просечната пензија изнесува 14.580 денари.

Тоа е јасен факт, пензиите растат, просечната пензија е повисока за 826 денари.

Денес, усогласувањето на пензиите се прави два пати годишно и тоа 100 отсто со порастот на трошоците на живот, наместо само 50 отсто како што беше претходно. Со новото законско решение се воведе и дополнително усогласување на пензиите ако бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст над 4 отсто.

Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат повисоки пензии, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.

Скопје, 15.05.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести