Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за МТВ истакна дека со гласањето на буџетот за Град Скопје од страна на Левица и ВМРО-ДПМНЕ се докажа дека кавгите меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ се единствено поради тендери.
-Вчера најдобро се потврди дека всушност кавгата била за тендери, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ и Левица гласаа за предлог буџетот на Град Скопје предложен од градоначалничката, значи тие немаат проблеми меѓу себе, имаат проблеми кога се работи за одредени тендери, нагласи Ковачевски.
Претседателот на СДСМ Ковачевски додаде дека постојат проекти кои што веќе се одобрени а не се реазлирираат како што е брз автобуски превоз во Скопје, потоа проектот за пречистителна станица од 136 милиони евра за градот Скопје кој што не се реалзира, а е финансиран од Европската инвестициона банка со 136 милиони евра.
Има над 50 милиони евра, кои се одобрени од ЕБОР кои што не се реализираат исто така заради тоа што не носат одлуки градоначалници во источниот дел од државата пак од политички причини, нагласи претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за МТВ.
https://fb.watch/hIlG1yq-xE/