Една година Град Скопје тоне во безидејност, без ниту еден нов проект, без каков било план за развој.
Дури и основните услуги на градот не функционираат, јавниот превоз е во колапс а катастрофална е состојбата и во другите јавни градски претпријатија.
Хаосот што му се случува на Скопје е одговорност на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со Данела Арсовска и Левица која се потврди со гласањето на Буџетот на Град Скопје за 2023 година.
И градоначалничката и претседателот но и мнозинството во Советот, како и мнозинството во управните одбори на јавните градски претпријатија се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и затоа оваа партија е најодговорна за катастрофата во главниот град.
Една година градска власт е една година стагнација на Скопје.