fbpx

(Документ) ВМРО-ДПМНЕ е извор на лажни вести, со судска пресуда потврдено дека лажеле за имотот на Дарко Каевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

ВМРО-ДПМНЕ е извор на лажни вести, со судска пресуда потврдено дека лажеле за имотот на Дарко Каевски

Со судска пресуда е потврдено дека ВМРО-ДПМНЕ е извор на лажни вести.

Основниот граѓански суд во Скопје утврдил граѓанска одговорност од портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева. Во судска постапка е утврдено дека Митева ширела невистини за имотот на пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски и со тоа го повредила неговиот углед и неговата чест.

Ниту Каевски имал милиони како што лажно тврделе ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак имало нешто спорно во пријавеното.

Оваа судска пресуда е уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ е најголем извор на лажни вести. Од Христијан Мицкоски преку пратениците па се до портпаролите, сите во ВМРО-ДПМНЕ знаат да лажат и да шират невистини.

2002 година е година на најголемите лаги на ВМРО-ДПМНЕ што партијата ги пласираше во јавноста, немајќи што друго да понуди пред граѓаните.

Последни вести