fbpx

СДСМ продолжува со хуманитарни акции, во Ѓорче Петров, Карпош Прилеп,…

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ, преку своите општински организации, во овој предновогодишен и предбожиќен период реализира низа хуманитарни акции за помош на организации и лица од ранливите категории, кои имаат потреба од помош.

Општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров организираше хуманитарна забава за собирање средства кои се донирани за Центарот за помош на лица со ментален хендикеп Порака Неготино – Волково.

Хуманитарна акција меѓудругите одржаа општинските организации во Карпош, Прилеп, Охрид, Штип, а ОО на СДСМ Аеродром донираше новогодишни пакетчиња во Асоцијацијата за права на деца и младинци со посебни потреби „Ластовица“.

Хуманоста и солидарноста се социјалдемократски вредности и во тој дух, со меѓусебно помагање, покрај политиките за системски решенија, СДСМ продолжува со реализација на низа хуманитарни настани ширум државата.

Последни вести