fbpx

Коалицијата ДПМНЕ-Арсовска-Апасиев предизвика катастрофа во Скопје

Facebook
Twitter
LinkedIn

Коалицијата на оската ДПМНЕ-Арсовска-Апасиев, која се потврди со гласањето на буџетот на Град Скопје, предизвика катастрофа во главниот град.

Повеќе од една година градот стагнира, тоне во бесперспективност поради неспособноста и кавгите за рацете во медот помеѓу Христијан Мицкоски и Данела Арсовска.

Дури и основните услуги на градот не функционираат, јавниот превоз е во колапс, катастрофална е состојбата и во другите јавни градски претпријатија.

Наместо реализација на решенија за подобар живот на Скопјани, не се реализираат ниту наследените проекти.

Скопје е меѓу најзагадените градови на светот. Средствата за заштита на животната средина се намалуваат, но затоа има средства за партиски вработувања.

Со коалицијата ДПМНЕ-Арсовска-Апасиев Скопје за прв пат во историјата остана без јавен превоз, а градската администрација без тонери за издавање документи за граѓаните.

Со ВМРО-ДПМНЕ се поврзани градоначалничката, претседателот и мнозинството во Советот, како и најголем дел од членовите на управните одбори на јавните градски претпријатија.

Затоа оваа партија е најодговорна за катастрофата во главниот град.

Последни вести