Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ поднесува неосновани пријави и потврдува дека е против проектот за продолжување на булеварот АСНОМ и нов мост на реката Вардар во Скопје.
Ова е нов обид на ВМРО-ДПМНЕ да го сопре градњето на овој проект. Граѓаните знаат дека поради неодговороното однесување на советниците на ВМРО-ДПМНЕ од Гази Баба и нивно противење да го поддржат предлогот за меѓуопштинска соработка со Град Скопје, проектот сега чини 8 милиони евра повеќе.
Во поразената опозициска партија треба да знаат дека за подготвителни работи не е потребно одобрение и дека конечно, одобрението го издава Град Скопје.
На ВМРО-ДПМНЕ му смета тоа што се градат проекти кои се во интерес на граѓаните.
На ВМРО-ДПМНЕ им смета тоа што не се трошат пари за барок и криминални проекти од кои завршуваа во џебовите на фамилијата.
ВМРО–ДПМНЕ е против решавање на сообраќајниот хаос, против подобрување на инфраструктурата и намалаување на загаденоста во Скопје.
Со еден збор ВМРО-ДПМНЕ продолжува да биде кочничар на проектите и на се што е во интерес на граѓаните на Скопје.
Скопје, 13.05.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА