Повеќе информации на следниот линк: ТУКА
Зимски камп 2023 е проект на Фондацијата Фридрих Еберт – Скопје кој го
спроведува во соработка со Социјалдемократската Младина на Македонија.
Целта на овој Зимски камп 2023 е да се зајакнат капацитетите на младите
социјалдемократи, да се подигне нивната свест, проактивност за да планираат
и реализираат активности, да понудат решенија кои одговараат на потребите
потребите на младите во конкретната средин а со тоа да донесат позитивни
промени во општеството.
Со право на учество на зимскиот камп се стекнуваат сите членови на локалните
клубови на СДММ кои ќе испратат апликација за младински активности и чија
апликација ќе биде одбрана во првиот круг на селекција.
Фаза 1: Апликација за учество на Зимски камп
Фаза 2: Селекција на апликациите и апликантите за Зимскиот камп
Фаза 3: Зимски камп 2023 – Каде избраните учесници ќе имаат можност
да ја презентират и одбранат својата идеја пред останатите тимови
Фаза 4: Избор на најуспешни апликации
Фаза 5: Локалните клубови со поддршка на Фондацијата Фридрих Еберт –
канцеларија Скопје ќе добијат можност да ги реализираат активностите
кои ги предложиле, во текот на 2023 година.
Тимот кој ја предлага и реализира активноста може да брои од 2-5 членови со
запазена родова еднаквост во самиот тим.
Предложената активност треба да ги исполнува следниве критериуми
– да промовира социјалдемократски вредности
– да има за цел да одговори на потребите на младите во општината
– форматот на активноста може да биде работилница, семинар, кампања
или друг вид на активност
Временската рамка за имплементација на најуспешните апликации е од април –
ноември 2023 година. Тимовите на избраните апликации ќе треба да предложат
временска рамка за реализација (вклучена во самата апликација).
Финансиската поддршка за реализацијата на активностите ќе биде обезбедена
од страна на Фондацијата Фридрих Еберт – Скопје, согласно на предложениот
буџет од страна на апликантите. Сите трошоци ќе бидат исплатени директно кон
давателите на услуги. ФЕС и СДММ го задржуваат правото да побараат измени
во предложениот буџет на избраните апликации.
Трошоци кои се прифатливи и може да бидат поддржани се храна и освежување,
изнајмување просторија и опрема, едукативен материјал (печатен или дигитален)
и др.
Рок за пријавување: 15.02.2023
Апикациите се испраќаат на следните адреси:
contact@fes-skopje.org и
sdmm@sdsm.org.mk