fbpx

Делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Зечевиќ, положи цвеќе и оддаде почит на првиот претседател на државата, Киро Глигоров

Facebook
Twitter
LinkedIn

Делегација на СДСМ претставена од генералниот секретар Миле Зечевиќ, потпретседателот Стефан Богоев и Ѓунер Исмаил денеска, на единаесетгодишнината од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, оддаде почит и положи цвеќе на неговото вечното почивалиште.

Претседателот Глигоров беше политичарот кој со својата мудрост ја обезбеди независноста на државата, кој успеа да ја зачува нејзината безбедност во период кога регионот беше зафатен од виорот на војната.

Македонските граѓани и членовите на СДСМ со особена почит се сеќаваат и ги вреднуваат државните достигнувања на претседателот Глигоров кој го отвори европскиот пат на земјата

Со членка книшка 001 на СДСМ, Глигоров со својата мудрост, храброст и визионерство, ги постави темелите на независна, демократска суверена држава која е признаена од целиот свет, која денеска е дел од НАТО и наскоро ќе стане дел од ЕУ.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, како одговорна и државничка партија ги негува и спроведува вредностите што претседателот Глигоров ги остави зад себе.


Последни вести