fbpx

Костадиновска Стојчевска: Три месеци чекаме одговор од градоначалничката на Скопје за Универзална салa

Facebook
Twitter
LinkedIn

Потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во вестите на Сител телевизија истакна дека со градоначалничката на Град Скопје е договорено Министерството за култура да ја преземе изградбата на Универзална сала.

Веќе 3 месеци чекаме Град Скопје да одговори, да ни достави состојба, што е направено во Универзална сала. Министерството за култура се јавува како помош да помогне да се изгради Универзална сала, тие ингеренции за изградба да ги одземеме времено додека да се изгради и потоа повторно ќе ја отстапиме на град Скопје, тоа е објект на град Скопје, појасни Костадиновска Стојчевска.

Потпретседателката Костадиновска Стојчевскаупати апел до градоначалничката и советот на Град Скопје да излезат во пресрет, бидејќи Скопје е влезено во потесен избор да биде Европска престолнина на културата во 2028 година, а Универзална сала е институцијата којашто аплицирала.

Ние сакаме само да помогнеме за Универзална сала, парите стојат на сметка, направени се сите проверки коишто требаше да се направат од ИЗИС дека е стабилен, тоа е проект поголем од било чие инаетење, порача потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во вестите на Сител телевизија.

Последни вести