Соопштение за јавност
Во интервју за емисијата „360 Степени“ на Телевизија Алсат секретарот за меѓунардона соработка, Бојан Маричиќ истакна дека воопшто нема потреба од предвремени избори и дека тие ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година.
Според Маричиќ, фокусот на СДСМ е ставен на за имплементација на обврските кои се однесуваат на преговарачкиот процес со ЕУ, спроведување на потребните реформи и секако менаџирање со последиците од светската криза.
„Не е првпат Мицкоски да промовира рушење на Владата, тоа е редовна мантра на Мицкоски која се случува секоја година, за да си го заштити своето место во ВМРО-ДПМНЕ. Во овој период, сега да имаме предвремени избори и идеа за некаква широка Влада, тоа е една нереална идеја, која само ќе ја забави државата, ќе одземе една година, колку што трае еден изборен процес и со тоа ќе се изгуби моментумот за уставните измени и за напредокот во евроинтеграциите“ посочи Маричиќ.
Маричиќ порача дека скриниг процесот оди по зацртаното темпо, завршен е објаснувачки скриниг за три кластери како и билатерален скрининг за најважниот кластер Темелни права и дека процесот продолжува и во следните месеци.