fbpx

Градската и локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ е единствен виновник за проблемот со бездомните кучиња

Facebook
Twitter
LinkedIn

Целиот проблем со бездомните кучиња кој ескалираше последните месеци е единствено поради неспособноста и незаинтересираноста на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Градската и локалната власт од ВМРО-ДПМНЕ не ги интересира ништо освен рацете во медот, тендери и провизии

Исто како и претходно кога 11 години ја предводеа централната и локалната власт, кога Мицкоски беше советник на Груевски не се преземаше ништо за кучињата скитници.

За разлика од нив градската власт предводена од СДСМ за првпат формираше јавно претпријатие за хуман третман на бездомните животни, а кадрите од ВМРО-ДПМНЕ и Левица денеска не можат ниту соодветно да го менаџираат.

Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ е најнеспособната власт досега.

Последни вести