Соопштение за јавност
Христијан Хидро Мицкоски да не си ишка мувата од капата, туку да одговори за неговите хидроцентрали и злоупотребите.
Додека Хидро Мицкоски бил советник на Никола Груевски, конзорциумот во кој има удел го добил земјиштето, односно бизнисот со хидроцентрали.
Како тоа баш Хидро Мицкоски, во време додека бил советник на Никола Груевски, добил државно земјиште од 33.000 квадратни метри за изградба на хидроцентрали?
Со лажни пријави ВМРО-ДПМНЕ не може да ги покрие злоупотребите на Мицкоски.
Сите постапки во врска со доделувањето на земјиште под концесја за електрани за вицепремиерот Кочо Анѓушев се законски и започнати во време кога тој не е дел од владата, односно во 2015 година. Оттука, се исклучува можноста за некакво влијание како и можноста за судир на интереси, за што и самиот тој соопшти за јавноста.
За невистините и лажните пријави на ВМРО-ДПМНЕ говори и фактот што ДКСК ја прекина постапката за Дамјан Манчевски затоа што е лажна и нецелосна.
Скопје, 10.05.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА