Соопштение за јавност
Пропадна уште една измислица, уште една лага на очајното и безидејно ВМРО-ДПМНЕ кое е навикато на креирање непостоечки случаи и лажни вести.
Како што јавно објави Државната комисија за спречување корупција прекината е постапката отворена против потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски по пријава од ВМРО-ДПМНЕ, поднесена со лажни и нецелосно податоци.
Ова е уште еден доказ дека целокупното делување на ВМРО-ДПМНЕ е засновано единствено на лажни вести, измислици и дезинформации. Станува јасно дека ВМРО-ДПМНЕ нема друг начин на дејствување освен со лажни вести и дезинформации да се обидува да го руши угледот на членови на Владата и на функционери од СДСМ.
Ја охрабруваме Комисијата за спречување корупција да продолжи да работи професионално и независно и да отвора предмети против сегашни но и поранешни функционери.
Скопје, 10.05.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА