fbpx

Раст од 7,7 отсто на извозот во првиот квартал од 2019, позитивните тенденции во економијата продолжуваат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Позитивните тенденции во економијата продолжуваат.

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, вкупниот извоз во периодот јануари – март 2019 бележи раст од 7,7 отсто споредено со истиот период од 2018 година.

По растот  на извозот во 2018 година, извозот бележи раст и во првото тромесечие од 2019 година.

Економските политики на Владата предводена од СДСМ и интензивирањето на процесот на евроинтеграциите, даваат реални резултати.

Според вкупниот обем на трговска размена Република Северна Македонија по Германија и Велика Британија, најмногу тргувала со Грција што е уште еден доказ дека решавањето на деценискиот спор позитивно влијае и ја унапредува економската соработка помеѓу двете земји.

Растот на извозот во првиот квартал покажува дека е вратена довербата во стопанството, олеснет е пристапот до нови пазари, а економијата е стабилизирана и се движи во нагорна линија.

По формалното пристапување во НАТО и интеграцијата во ЕУ, се отвораат можности за дополнително интензивирање на растот на извозот што ќе придонесе за поголемо и поконкурентно производство, нови работни места и повеќе пари во стопанството.

 

Скопје, 10.05.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести