Реакција на прес-конференција на Марија митева од ВМРО-ДПМНЕ
Ништо не може да го сокрие фактот дека СДСМ за пет години за образованието направи многу повеќе отколку ВМРО-ДПМНЕ за цели 11 години.
Досега, за пет и пол години, реконструирани или изградени нови се над 80 објекти на основни и средни училишта низ целата држава, а за оваа година за капитални инвестиции се предвидени 18.3 милиони евра.
Оваа година ќе започне изградба на објект за потребите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, а ќе продолжи и изградбата на објектите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура во Скопје.
Целосно нов објект ќе се гради за кумановската гимназија „Сами Фрашери“ и целосно ќе се реконструираат сите девет државни студентски домови.
Во 2023 година ќе започне и реконструкцијата на 118 училишни објекти, како и изградбата на 10 нови училишни спортски сали.
За само пет години СДСМ ги зголеми платите во основното и средното образование за 36 отсто, додека во времето на ВМРО-ДПМНЕ платите за 11 години се зголемија за само едвај четири отсто.
Тоа е разликата помеѓу одговорниот и чесен пристап на СДСМ и расипничкото однесување на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која не се грижи за граѓаните туку мисли само на тендери, на провизии и бизнис интереси.