fbpx

Мицкоски зборува за конфликти и се натпреварува со Левица кој е повеќе против ЕУ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски е политичар без став и визија за стратешките прашања и делува против интересите на државата и на граѓаните.

Затоа тој и целата ВМРО-ДПМНЕ лесно станаа заложник на популистичките политики и потпалувачките реторики на Левица.

И милитаристичките изјави на претседателот Мицкоски на ВМРО-ДПМНЕ, и тоа во делот каде што тој кажува како бил доброволец и победувал во војна, покажуваат дека тој е заложник на Апасиев.

СДСМ ја внесе земјата во НАТО, ги отвори преговорите со ЕУ, а Мицкоски зборува за војни, конфликти и се натпреварува со Левица во тоа кој е поголем противник на ЕУ.

СДСМ и претседателот Ковачевски работат на остварување на оваа национална и стратешка цел, за подобар животен стандард, економски силна и напредна држава, со рамноправни граѓани, рамо до рамо со сите народи од големото европско семејство.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да бидат заложници на Левица и Димитар Апасиев и да работат спротивно од интересите на граѓаните и државата.

Последни вести