Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ вчера ги ратификуваше законите од Иницијативата Отворен Балкан, важни за граѓаните и македонската економија во целост.
Отсега, граѓаните на Македонија, Србија и Албанија добиваат можност да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирање и чекања, без административни трошоци.
Тоа ќе значи унапредување на заедничкиот пазар и зголемување на мобилноста на работната сила во регионот.
За овие закони исто како и за многу други закони важни за државата и граѓаните, оратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа.
Наместо на своите работни места, наместо во салата, пратенциите од ВМРО-ДПМНЕ беа надвор од неа, целосно игнорирајќи ја потребата на граѓаните за носење на овие важни закони.
СДСМ продолжува да работи во интерес на граѓаните и државата, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструктивното однесување, продолжува да кочи и блокира се што е важно за државата.