Соопштение за јавност
Во реплика на денешната собраниска седница, пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски се осврна на успесите што Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски успеа да ги реализира во изминатата, кризна година.
„Оваа Влада успеа да го зголеми производството на струја за 40 отсто. За првпат во 70 години, сите капацитети за производство на струја се ставени во функција. Голем број на компании сега се на регулираниот пазар на електрична енергија, што позитивно влијаена зачувување на работни места и помагање на економија. Инсталирани се над 150 мегавати од обновливи извори. 760 милиони евра пакети директна помош за граѓаните во време кога се соочуваме со економска и енергетска криза“ рече Каевски додавајќи дека покрај тоа растат платите и пензиите, а невработеноста се намалува.
Каевски истакна дека по 17 години, државата конечно започна преговори со ЕУ, што е уште еден доказ за успешните политики на СДСМ, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири што нема ниту еден успех зад себе во нивното 11годишно владеење.