fbpx

Одлуката од Стразбур е победа на правдата, предметите продолжуваат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Со одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур кој потврди дека апликациите на седум поранешни функционери на ВМРО-ДМПНЕ се недозволени, постигната е голема победа на правдата, на правната држава и аргументите на Владата.

Одлуката на Судот во Стразбур е важна затоа што покрај другото, не констатира прекршување на човековите права во кривичниот прогон на членовите од некогашниот врв на ВМРО-ДПМНЕ.

Незаконската аболиција на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов пропадна.

ВМРО-ДПМНЕ изгуби во Стразбур, а аргументите на државата во однос на недозволеноста на апликациите победија и се уважени.

Сега, независниот судски систем има одговорност и обврска пред граѓаните и законите да ги доврши сите кривични постапки кои се во тек.

Владеењето на правото и правната држава, неселективноста во постапките остануваат врвни приоритети на СДСМ во процесот на градење праведно и правично општество за сите.

Последни вести