Пратеничката на СДСМ Белкиса Зекќри при реплика од собраниската говорница реагираше на срамното однесување на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои ги навредуваат работниците во администрацијата и пратеницте и ги споредуваат со глувци.
Ако ние сме глувци, тогаш што сте вие пратениците од ВМРО-ДПМНЕ – робови. За кого робувате овде, да го спасите лузерот. Тоа е човекот што ќе ви остане запаметен како најголемиот губитник во историјата на ВМРО-ДПМНЕ. Можете вие од тука да се тепате и до 2 до 3 и цела ноќ да седиме и ќе седиме, а тој нема да биде на висока функција. Тогаш не знам дали вие ќе останете без мачор, бидејќи губитникот секако ќе ви оди од палатата, нагласи Зеќири.
Пратеничката Зеќири додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ги боли тоа што Алијанса не најде плодна почва, односно не им поверува, не ги убеди дека оваа држава со ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе биде подобра.
Полна ви е устата со луѓето кои се иселија. Знаете зошто изгубивте во Маврово и Ростуше, затоа што граѓаните си отидоа, оти немаа услови за живеење им давате по 9.000 денари плата и на секои две години на избори мораа да ви носат гласови и да ви робуваат. Доказ за вашето владеење е и шамарот што го добивте од Стразбур. Треба да се засрамите од одлуките на вашите полтрони, за да ги спасите вашите криминалци, порача пратеничката на СДСМ Белкиса Зеќири.