Соопштение за јавност
Со одлуката на судот во Стразбур победи правната државата, затоа што влдеењето на правото секој пат е еден од условите за позитивните извештаи коишто треба да ги добиеме од Европската комисија, истакна заменик претстедателката на СДСМ Сања Лукаревска во емисијата „10 минути“ на ТВ 21.
Лукаревска нагласи дека сега домашното судство, кое што е независно, треба да си ја заврши задачата во однос на предметите кои ги водат.
Сметам дека е донесена навистина правилна одлука, сега работата е да се зацврсти авторитетот и интегритетот на нашите домашни судии и судови и да ја имаме конечната разврска, рече Лукаревска.
Лукаревска додаде дека токму со тоа што ќе продолжат процесите од СЈО, со тоа на некој начин ќе се врати довербата во судството.
Поголемиот дел од граѓаните се сеќаваат за тефтерчиња во судството, тоа е тоа време од коешто се уште чувствуваме последици, порано се знаеше дека политичка партија може да биде судски совет, или поединец политичар од некоја партија можеше да биде судија, сега веќе не е така, нагласи Лукаревска.
Доколку на пиедестал се стави владеење на правото и почитување на сите препораки коишто значат независно судство, секако дека ќе мора постепено да се враќа довербата во судството. Недовербата во судството на некој начин создава перцепција за обезсмислување на суштината на она што значи владеење на правото од една страна и создава чувство дека правдата нема да го стигне секој. Потребна е функционалност на целиот систем, имплементација на препораките кои ќе значат враќање на вербата во судството, владеење на правото и правната држава, порача заменик претстедателката на СДСМ Сања Лукаревска, во емисијата „10 минути“ на ТВ 21.