Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски заедно со Секретарот за меѓународна соработка, Бојан Маричиќ, денеска, на маргините на
Минхенската безбедносна конференција се сретнаа со претседателот на Партијата на европските социјалисти (ПЕС), Стефан Левен.
На средбата разговараа за процесот на евро-интеграции на земјавата и потребата од забрзан пат до полноправно членство во Европската Унија.
Претседателот на ПЕС, Сфетан Левен изрази силна поддршка за земјава и спроведување на неопходните реформи за продолжување на европскиот пат.
Претседателот Ковачевски се заблагодари за поддршката и изрази очекување дека одличната заедничка соработка со ПЕС ќе продолжи.