Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ ги лажеше граѓаните и манипулираше дека ќе се случи асимилација и бугаризација, дека македонскиот јазик ќе стане дијалект на бугарскиот но избега од гласање во собраниската сала кога се гласаше Договорот за ФРОНТЕКСТ, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, вечерва од собраниската говорница.
Само Мицкоски не аплаудираше во Собрание за членството во НАТО, додаде Митрески.
-Има едно видео на Јутјуб, на 11.02.2020 година, од оваа сала и тогаш имаше само еден човек, единствен, којшто не аплаудираше на членството во НАТО, а тоа е Христијан Мицкоски, рече Митрески.