fbpx

Реакција на пратеничките од мнозинството за обидот за физички напад на пратеникот Бране Петрушевски и навредите кон пратеничката Лазаревска

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во време кога целата јавност испраќа јасна порака против говорот на омраза и сите форми на родово базирано насилство, токму ние жените пратенички сме секојдневно изложени на политичка некултура, шовинизам и сексизам од страна на дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Вознемирени сме од денешниот чин на брутална навреда, вербален и обид за физички напад на колегата Бране Петрушевски кон пратеничката Жаклина Лазаревска.

Силно го осудуваме овој чин. Пратеникот Бране Петрушевски должи јавно извинување и тоа е најмалку што може да го направи денеска!

Имаме и други механизми кои веројатно е крајно време да бидат активирани!

Итна промена на Етичкиот кодекс од комисијата за мандатно имунитетни прашања;
Итна промена на деловникот на Собранието за санкционирање на вознемирувањето на работното место!

Во Домот на демократијата мизогинијата, омраза или предрасуда кон жените, не смее да биде оружје за дел од колегите пратеници со кое се пресметуваат со нас жените.

Говорот на омраза спрема жените не смее биде наше секојдневие и ние тоа нема да го толерираме.

Последни вести