fbpx

Потпишан договор за унапредување на патната инфраструктура во општина Аеродром, средства кои Муцунски ги блокираше како пратеник

Facebook
Twitter
LinkedIn

Почитувани граѓани, почитувани медиуми

Денеска, беше потпишан договор помеѓу Министерството за транспорт и врски и општина Аеродром за подобрување на патната инфраструктура во општината.

Станува збор за финансиски средства од над 40 милиони денари за реконструкција на улиците Мите Богоевски и Црноризец Храбар во Населба Лисиче, за која реконструкција, Проектната докумнтација е целосно споведена и подготвена од претходната локална власт предводена од СДСМ .

Овој потпишан договор е само уште една потврда дека Владата предводена од СДСМ се грижи и обезбедува средства за локален развој и унапредувањето на квалитетот на животот на сите граѓани.

Градоначалникот Муцунски се пофали дека со инфраструктурните проекти што ги реализира сериозно го менува изгледот на Аеродром, но чесно е да каже дека тие проекти се обезбедуваат со финансиски средства преку потпишување токму на овој договор со Министерството за транспорт и врски како дел од проект на Светската банка, кој тој лично го кочеше додека беше пратеник и претседател на Комисијата за финансирање и буџет.

Односно, иронијата да биде поголема пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, во Собранието цела година го блокираа законот за финансирање за поврзување на локалните патишта, а со тоа ги блокираа и овие средства за кои денеска се ставаат директно во функција на општините за реконстукција на локалните патишта.

Дополнително, неспособноста на Муцунски навреме да обезбеди лиценциран градешен инспектор во општината доведе до состојба на урбанистички хаос во кој дивоградбите стануваат секојдневие.

Почитувани,

Како Влада продолжуваме да работиме единствено во интерес на граѓаните. Сите политики и мерки се носат по претходно креирани стратегии за унапредувањето на квалитетот на животот на граѓаните.

Продолжуваме и понатаму да бидеме сервис на граѓаните и да ги исплнуваме ветувањата дадени пред нив.


Последни вести