fbpx

Сиљановска бега од дебати, бега од новинари, бега од граѓани, а молчи за криминалот и насилството на режимот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Кандидатката на Мицкоски , Гордана Сиљановска не ги почитува граѓаните, не ја почитува јавноста и не ги почитува медиумите и новинарите.

Сиљановска избега да одговори на прашања поставени од страна на граѓаните на ФБ страната на МИА, избега од соочување со новинарите на Телма телевизија во емисијата „Жешко столче“ и избега дебата со активистите на Шарена револуција.

Сиљановска освен што бега, таа и премолчува. Па така, таа молчи за криминалот на режимот, молчи за тоа дека генералниот секретарот на ВМРО ДПМНЕ и нејзин шеф на изборен штаб ,Јанушев е под истрага.

Од Гордана Сиљановска јавноста ,граѓаните не слушнаа ниту збор за осуда на насилниците од 27 –ми април,а не се огласи ниту за тоа дека е поддржана од осудени воени злосторници  и осудениот бегалец Груевски.

Кндидатката на Мицковски,Сиљановска воопшто не е „симбол на правото и правдата“ туку типичен пример на транзициски профитер и симбол за непотизам и злоупотреби.

Затоа, на 5 ти мај ВМРО ДПМНЕ , Мицковски и Сиљановска нека се подготват за пораз. 

 

Скопје, 01.05.2019 

 ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести