fbpx

Сиљановска свесно направи груба злоупотреба на деца во политички цели, не е достојна за функцијата за која се кандидира

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Соочена со слабата поддршка од граѓаните, кандидатката на ВМРО -ДПМНЕ Гордана Сиљановска, во очај грубо злоупотреби деца во политички цели и за изборна кампања.

Немајќи што конкретно да понуди пред граѓаните, Сиљановска злоупотреби деца без родители и родителска грижа сместени во СОС Детско село, каде трошокот за секое дете на месечно ниво го покрива надлежниот центар за социјални работи. 

Иако е јавно познато дека за секое дете е обезбедено организирано живеење и предвидени трошоци целосно обезбедени од државата, очајната Сиљановска се обиде да прикаже нереална слика за наводен недостиг на храна во детското и свесно ги злоупотреби децата заради политички маркетинг. 

Со таквото однесување, Сиљановска делува спротивно на Изборниот законик, како и на ратификуваната Конвенција за правата на детето.

Сиљановска најгрубо ги злоупотреби дечињата и ги прекрши нивните детските права. За таквиот потег очекуваме реакција од сите надлежни институции, вклучително и од Државната изборна комисија.

Кандидатката на Мицкоски уште еднаш покажа дека не е достојна да ја извршува функцијата за која се кандидира.

 

Скопје, 01.05.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести