Соопштение за јавност
Претседателката на Форумот на жени на СДСМ Јована Тренчевска во обраќањето на Осмомартовскиот марш во Прилеп посочи дека СДСМ во изминатите години донел бројни закони со кои суштински се унапреди и афирмира положбата на жената во општеството.
„Ќе спомнам само неколку закони важни за жената и родовата еднаковст: Закон за еднакви можности на жените и мажите, Закон за заштита и спречување од дискриминација, закон за заштита и спречување на дискриминацијата, Закон за прекинување на бременоста, Кривичниот законик, Закон за обештетување на жртвите на насилство и многу други закони донесени во време кога СДСМ е на власт. Покрај веќе донесените закони, во овој период го финализираме текстот на новиот Закон за родова еднаквост со кој ќе воспоставиме механизам кој гарантира унапредување на положбата на жената. На прагот сме на воспоставување на Секретаријат за родова еднаквост со кој се етаблира институционалната рамка за родова еднаквост“ порача таа.
Тренчевска истакна дека со измените на Кривичниот закон се воведоа нови кривични дела како што се насилство врз жени, демнење, сексуално насилство, каде предмет на заштита е токму жената, но истовремено се презедоа низа системски мерки за унапредување на економскиот стандард на жената.
„За жените земјоделки за прв пат во историјата на државата обезбедивме надоместок за мајчинство односно породилно отсуство.
Изградивме близу 80 градинки, за да можат и децата да се вклучат во предучилишното образование но и мајките да се вклучат на пазарот на труд.
Евидентни се резултатите од политиките за економско јакнење на жените, што е основен предуслов за еднакви и моќни жени кои се двигателот на промените во општеството.Сите овие достигнувања немаше да бидат реализирани доколку ја немавме целосната поддршка од нашите другари сопартијци, доколку ја немавме поддршката од нашите родово сензитивни другари.
Спремни сме, заедно и посветено како и досега предизвиците да ги претвориме во успешни резултати“ порача Тренчевска во Прилеп.