Соопштение за јавност
Вистинска демократија, подразбира и родова еднаквост во сите сфери на живеењето, тоа е и европска вредност, порача претседателот Димитар Ковачевски на денешниот Марш по повод Осмомартовскиот марш во организација на Форумот на жени на СДСМ.
„Република Северна Македонија ги почна преговорите со Европската Унија и преку политиките на дијалог во Парламентот и во општеството, ќе продолжи по европскиот пат и ќе стане членка на Европската Унија. Ќе се развиваме и економски и културолошки, рамо до рамо со демократскиот свет. Тоа е веќе неповратен процес“ порача Ковачевски.
Претседателот Ковачевски порача дека само тактичноста, со вербата и одлучноста, какви што ги има само жената, државата може да ги реализира своите стратешки цели, економски да се развива и да биде рамноправен член на европското семејство.