fbpx

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не работат ништо, само поскапуваат услуги и ги партзираат и задолжуваат општините

Facebook
Twitter
LinkedIn

Градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се симбол за неспособност и неработење.

Измина година и половина од нивниот мандат а граѓаните не видоа реализација на ниту еден капитален проект, никакво решение за унапредување на квалитетот на живот.

Но затоа граѓаните на десетици општини добија поскапи комунални услуги, а сега Град Скопје, Охрид, Ресен и Кочани се единиците кои бараат драстично зголемување на цената на водата иако речиси сите комунални претпријатија добиваат електрична енергија по повластена цена.

Големи и финансиски општини како Аеродром, Прилеп, Гази Баба и Бутел планираат да ги задолжат своите граѓани со општински обврзници за кои никој не знае како ќе се потрошат парите од таквите задолжувања.

Но тоа не ги спречува градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и оваа година да потрошат десетици милиони евра на времени вработувања на партиски кадри во општините и претпријатијата и установите под нивна надлежност.

Ете тоа е учинокот на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Ништо не се менува во Белиот дворец, партијата предводена од Христијан Мицкоски се грижи само за личните и бизнис интереси на поединци, додека ги игнорира потребите на граѓаните.

Последни вести