Соопштение за јавност
Факт е дека Гордана Сиљановска загуби во првиот круг на кристално чисти, фер и слободни претседателски избори.
ВМРО-ДПМНЕ се уште не може да ја прифати вистината дека нивната кандидатка загуби во првиот, а поубедливо ќе загуби и во вториот круг од изборите и затоа секојдневно се обидува да бара алиби за поразот.
На фер, слободни и демократски избори, граѓаните ја поразија деструкцијата на Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ и им порачаа дека нема да се вратат назад во темното минато туку продолжуваат заедно напред.
Државата, институциите, организираа мирен, фер, демократски изборен процес и изборен ден, а доказ за тоа се и оценките и извештаите на релевантните домашни и меѓународни организации кои го набљудуваат изборниот процес.
Наместо да бара алиби, очајната и нервозна ВМРО-ДПМНЕ да се помири со поразот на 5ти мај кога граѓаните убедливо ќе ја потврдат предноста од првиот круг, а нов претседател ќе биде Стево Пендаровски.
Скопје, 30.04.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА