Соопштение за јавност
Клубот на пратенички во Собранието, низ годините наназад направил големи поместувања на планот на родовата еднаквост, па во тој дух продолжуваме и ние пратеничките од актуелниот состав, порача пратеничката од СДСМ Лолита Ристова на првата пленарна седница за родова еднаквост во Собранието.
„Покрај сите бури и препреки 20 години , натпартиска соработка како модел за соработка по кој е препознаен Клубот на пратенички, придонесе да придвижиме одредени родови перспективи како во донесувањето на повеќе закони, но уште повеќе кон тоа да тежнееме и да бидеме упорни кон промените кои треба да следат. Затоа Родово сензитивниот парламент нека биде позитивен пример за унапредување на родовата еднаквост и охрабрување на жените во општеството. Собранието не е само место каде што жените можат да работат, туку и место каде што жените сакаат да работат и да го дадат свој придонес за општеството“ порача Ристова.
Пратеничката Ристова посочи дека како резултат на добрата соработка на Клубот на пратенички со граѓанските и меѓународните организации денес во Собранието им повеќе обучени пратеници и пратенички за родовите прашања.
„Во овие две и пол години, ние пратеничките поминуваме низ тежок период на пандемиско и постпандемиско време, кога најмногу погодени се повторно жените. Разговараме, бараме решенија, предлагаме мерки и политики за ублажување на последиците,а тука ќе издвојам само неколку поважни моменти како Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, Стратегија за родова еднаквост 2022-2027 година, Законот за буџети , Кривичниот законик за кои во соработка со граѓанскиот сектор, како Клуб на пратенички заедно со КЕМ интервениравме со амандмани во правец на нивно подобрување.
Во моментот работиме на намалување на ДДВ од 18% на 5% на производите за менструална хигиена , во ИД на Законот за ДДВ , Закон, кој очекуваме да биде наскоро донесен,со што ќе влијаеме на ублажување на менструалната сиромаштија која е присутна , за жал и кај нас.
Бевме од почетокот со НФФ и за првпат преку Програма на МЗШВ се најде решение за еднократен надомест за породилно отсуство. Знаеме дека ова не е трајно решение, затоа нашите заложби ќе бидат за системско решение во следниот период. Преку Јавна расправа го отворивме прашањето за промени на законската регулатива за поголема поддршка на пациенти кои се соочуваат со неплодност и овде се подготвува законска промена. Ја поддржуваме и се приклучуваме на законодавната иницијатива за измени на Законот за заштита од вознемирување на работното место. Предизвик и наша обврска е да го донесеме Законот за Родова еднаквост и тоа заеднички ќе го направиме“ истакна Ристова.
Ристова посочи дека ерата на социјалните медиуми направи наплив на неконтролирано ширење на навреди, понижувања, сексистички , шовинистички и безброј други вознемирувачки напади и форми на родово базирано насилство.
„Законско регулирање на интернет просторот во однос на говорот на омраза мора да се воспостави“ заклучи Ристова.
На првата Пленарна седница за родова еднаквост поканети се поранешни пратенички и од осум присутни само една е од ВМРО-ДПМНЕ а седум се од СДСМ.