fbpx

Зоран Заев денеска на средби со граѓани во Шуто Оризари и Илинден и трибина во Куманово

Facebook
Twitter
LinkedIn

Ве известуваме дека денеска (30.04.2019, вторник), претседателот на СДСМ, Зоран Заев во рамките на караванот „Заедно Напред!“ во 17.35 часот ќе биде со граѓаните на Шуто Оризари, каде ќе има обраќање на платото на плоштадот (кај пазарот).

Потоа, во 18.50 часот, пред културниот дом Илинден, претседателот на СДСМ Зоран Заев, ќе се обрати пред граѓаните на општина Илинден.

Подоцна, во 20.10 часот ќе се приклучи кон централниот настан, граѓанска трибина на градскиот плоштад во Куманово, каде ќе има свое обраќање заедно со заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски и потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски (пренос во живо од овој настан ќе може да проследите на веб страницата на СДСМ и на официјалната фејсбук страница на претседателот на СДСМ, Зоран Заев).

Последни вести