fbpx

СДСМ го штити стандардот на народот, намалени цени на леб, тестенини и млечни продукти

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владата предводена од СДСМ продолжува со грижа за граѓаните и е посветена на заштита на нивниот стандард во време на светска економска и енергетска криза.

Владата предводена од СДСМ донесе одлука за корекција, односно за намалување на цените на бројни продукти што граѓаните секојдневно ги користгат.

Од утре, понеделник, се замрзнува за 15 отсто во однос на цената која се применувала во трговијата на мало на први март оваа година, што во суштина значи намалување на цената на шпагетите и макароните за околу осум до девет денари.

Покрај тоа, се укинуваат и царинските давачки за увоз на овие продукти за период од 13 март 2023 година до 31 мај 2023 година.

Се корегираат и цените на млекото и млечните производи, односно на трајното кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, урдата, кравјoто бело сирење и мешано бело сирење, кравјиот кашкавал, киселото млеко, павлаката и јогуртот кој е без додатоци.

Цените на овие продукти се намалуваат за десет отсто во однос на цените кои се применувале на први март 2023 година, во трговијата на мало, а оваа одлука ќе се применува од 17 март 2023 година до 31 мај оваа година.

Во време на светска економска криза, никого не оставаме сам, продолжуваме да се грижиме за стандардот на сите граѓани.

Последни вести