Соопштение за јавност
Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска молчи за тоа што шефот на нејзиниот штаб Игор Јанушев е дел од истрага на Специјалното јавно обвинителство наречена „Дизајн“ поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ поврзан со сомнителна јавна набавка на автобуси.
Молчи Сиљановска и за тоа што во време на владеење на неговата ВМРО-ДПМНЕ таткото и сестрата на Јанушев се вработиле во ЦУК, односно МВР.
Сиљановска молчи затоа што и самата е симбол на непотизам и транзициски политичар, бидејќи додека била министерка во првата политичка влада во независноста таа била министерка, а токму тогаш нејзниот сопруг добил бизнис со фри шоп.
Гордана Сиљановска, која ниту еднаш не го осуди насилството од 27 април, е поддржана токму од личности кои се правосилно осудени за терористичко загрозување на уставниот поредок како Игор Југ и Јане Ченто.
Покрај осудени насилници и криминалци, Сиљановска е поддржана и од воени злосторници како Јохан Тарчуловски.
Исто како и Христијан Мицкоски и Гордана Сиљановска е на браникот на насилството, криминалот и злосторствата
Таа не може повеќе да ја лаже јавноста дека е за право и правда. Граѓаните ја препознаа нејзината нечесност, неискреност и лажно претставување како натпартиски кандидат и затоа загуби во првиот круг од претседателските избори.
На 5 мај Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ ќе доживеат пораз со уште поголема разлика. Граѓаните нема да дозволат неискрени личности поддржани од насилници и злосторници како Сиљановска да застанат на чело на државата
Граѓаните во вториот круг масовно ќе го поддржат концептот на Стево Пендаровски, идниот претседател на државата.
Скопје, 30.04.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА