fbpx

Ковачевски: Двојно го зголемивме стандардот на работниците од времето на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во гостување во Дневникот на Телевизија Сител, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски порача дека преку успешните, навремени и ефикасни економски политики на Владата, животниот стандард на граѓаните и на работниците во последните неколку години е сериозно унапреден, двојно во споредба со времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски истакна дека денес просечната потрошувачка кошничка изнесува 43.000 денари и дека кога ќе се спореди со износот на минималната плата, јасно се гледа напредокот на животниот стандард во однос на периодот од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

-Кога беше ВМРО-ДПМНЕ на власт беа потребни 4 и пол минимални плати за просечна потрошувачка кошничка, сега се потребни 2,2 минимални плати за една потрошувачка кошничка, односно 2,1 минимална, за шест години имаме двојно зголемување на стандардот на работниците кои што работат за минимална плата. ВМРО-ДПМНЕ работниците ги сметаше за евтина работна сила, рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.

Последни вести