Северна Македонија и премиерот Димитар Ковачевски се домаќини на дијалогот меѓу нашите соседи Србија и Косово во нашиот бисер, Охрид.
Со политиките на СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски земјава е фактор на стабилност во регионот.
Добрососедски односи, договор наместо конфликт и развој наместо уназадување се постулати кои треба да ги следат сите политичари и политички партии во 21 век.
Ние сме земја која гради пријателства, пример сме за добрососедство и фактор на стабилност.
Силно веруваме во дијалогот како форма, како единствен пат кој води кон напредок и развој.