СДСМ преку институциите што ги предводи реализира мерки кои обезбедуваат повеќе пари во семејните буџети.
Мерката МојДДВ е една од најуспешните мерки од концептот Парите назад кај граѓаните што го реализира СДСМ.
Со усвојувањето на законските измени, прагот за поврат на ДДВ за физички лица се зголемува од 1.800 на 2.100 денари за едно тромесечје.
Корисниците на апликацијата МојДДВ, чиј број постојано расте и се искачи на над 520.000 зголемените суми ќе ги добијат на своите сметки во мај, за периодот јануари – март 2023 година.
Мерката Мој ДДВ дава одлични резултати во борбата против сивата економија, но и за зајанување на стандардот на граѓаните, што е особено добредојдено во време на светска економска криза.
СДСМ продолжува со вистинска грижа за сите граѓани, за заштита и унапредување на нивниот стандард.