fbpx

Броењето пратеници му е слаба страна на Мицкоски, во ВМРО-ДПМНЕ има пратеници кои го поддржуваат европскиот пат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Броењето пратеници на Христијан Мицкоски му е многу слаба страна. Тоа го покажал неколку пати досега.

Исто како што велеше дека има 61 пратеник за распуштање на Собранието и избори во мај.

Очајни се овие обиди на Мицкоски, погрешната математика и штанцањето нови измислици ќе му се вратат како бумеранг многу бргу.

Целата јавност знае дека во ВМРО-ДПМНЕ има пратеници кои го поддржуваат европскиот пат на државата, кои не се согласуваат со анти-европскиот став на Мицкоски и се подготвени да ги поддржат сите чекори.

На овие пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кариерата на Мицкоски не им е поважна од европската иднина на македонските граѓани. Напротив.

Изолиран и во целосно заложништво на Левица Мицкоски го чекаат нови порази.

СДСМ ги повикува сите прогресивни групи и пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат на процесот, потребните реформи да бидат усвоени и државата да продолжи по европскиот пат.

Последни вести