Соопштение за јавност
-Ние градиме еден концепт, којшто се вика граѓанско општество, каде што сите имаме намера да бидеме еднакви, порача претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на вечерашната средба со жителите на селото Оризари, во велешко.
Тој посочи дека ова село заслужува посебно внимание затоа што неговите жители знаеле да дадат во важни моменти поддршка за напредни опции и ги повика тоа да го направат и на 05.мај во вториот круг на претседателските избори.
-Само со единството, можеме да ги решаваме проблемите, за да има подобро образование и здравство, развиени локални средини, но за тоа да се случи државата мора да се движи Напред. Тоа е возможно само преку започнатите евро-атлантски интеграции. Претседателот на државата не решава за водоводи, канализации и патишта, но без неговата поддршка ова ќе оди потешко. Имаме кандидат кој ќе биде сојузник во процесите, а не блокатор како досега. Дојден сум да побарам поддшка за претседателскито кандидат Стево Пендаровски. Дајте поддршка за Стево Пендаровски и да продолжиме побрзо Напред, повика претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев во село Оризари.
Скопје, 25.04.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА