fbpx

За злоупотреби и непотизам Сиљановска нека се обрати кај шефот на нејзиниот изборен штаб, Јанушев, осомничен во предмет од СЈО

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

За непотизам и злоупотреби Гордана Сиљановска треба да се обрати кај нејзиниот шеф на штаб, Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

Шефот на штаб на Сиљановска, Игор Јанушев, е дел од истрагата на СЈО, наречена „Дизајн“ поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување„ поврзан со сомнителна јавна набавка на автобуси.

Јанушев е еден од симболите за непотизмот на ВМРО-ДПМНЕ. Во времето на ВМРО-ДПМНЕ, таткото и сестрата на Игор Јанушев се вработени во ЦУК и МВР.

Конечно и самата Сиљановска е пример за непотизам и транзициски политичар.

Сиљановска кога била министерка во првата политичка Влада од независноста, во деведесеттите години, нејзиниот сопруг добил бизнис со фри-шоп.

Граѓаните нема да дозволат нечесни и неискрени личности, симбол за непотизам и злоупотреби, залутани во политиката да застанат на чело на државата.

 

Скопје, 25.04.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести