fbpx

Срамна е хајката којашто ВМРО-ДПМНЕ преку Ковачки ја води против Петровска

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање, Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ

Прашање: Како го коментирате тоа што пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на седница на пратеничките прашања објави детали од медицински извештај и побара одговорност од министерката за одбрана Петровска?

Одговор:

Овие невистини беа веднаш демантирани од страна на министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Не сум изненадена бидејќи ВМРО-ДПМНЕ во континуитет води антиЕУ и антиНАТО кампања, хајка против министерката за одбрана. Тоа покажува дека тие не се реформирана партија, делуваат исто како што делуваа 11 години додека беа на власт и сега во опозиција. Тоа се навреди, омаловажувања, лична дискредитација.

По таа линија се заедно со Левица токму затоа што тие покажуваат дека антиЕУ и антиНАТО кампањата за нив е секојдневие.

Последни вести