fbpx

Го штитиме стандардот на народот, нови мерки за намалување на цените

Facebook
Twitter
LinkedIn

СДСМ преку конкретни мерки и политики го штити и унапредува животниот стандард на граѓаните, во време на светска економска криза.

Усвоени се нови мерки за замрзнување на цените на хигиенските производи, со кои цената на ​ тоалетната хартија, влажните марамчиња, пелените и влошките се намалува за 13 отсто.

Претходно цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама беше замрзната на 33 денари.

Млекото и млечните производи се поевтини за 10, а тестенините за 15 проценти.

Максималните цени на јајцата и оризот се утврдени на цената од 15 март оваа година.

Се прават пресметки за намалување и замрзнување на цените на дел од овошјето и зеленчукот.

СДСМ продолжува со грижата за сите граѓани, со реализација на мерки кои ги намалуваат трошоците на семејствата.

Последни вести