Соопштение за јавност
Во интервју во емисијата „Патот кон…“ на Телевизија Алсат-М заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска порача дека вратата на Европскиот фронт е отворена за сите политички чинители кои сметаат дека нашата држава треба да оди напред.
-Во многу наврати сме потенцирале дека вратите на Европскиот фронт се отворени за сите, па дури и за прогресивните сили во ВМРО-ДПМНЕ. За секој оној кој смета дека нашата држава треба да оди напред и да живееме поквалитетно, подобро, во европска дежава, истакна заменик претседателката Лукаревска.
Одговарајќи на прашање за евентуални предвремени избори, Лукаревска посочи дека во 2024 година прво ќе се одржат редовните претседателски избори, а потоа согласно роковите и редовните парламентарни избори. Победник на тие избори ќе биде СДСМ.