Соопштение за јавност
Непочитувањето на независните институции, во конкретниот случај Државната комисија за спречување корупција, е белег на Иванов, остатокот од режимот на Никола Груевски.
Неговото однесување е уште еден пример дека не ни треба нов Иванов во ликот на Сиљановска.
Наместо да ја напаѓа, Иванов треба да постапува по наодите на Државната комисија за спречување на корупцијата.
Непотизам има и во Кабинетот на Иванов.
Класичен пример за партизација и непотизам е Анастасија Илиеска, членка на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и на ИК на Унијата на жени, вработена како советник за безбедност во кабинетот на Иванов, а нејзината ќерка, Андреа Илиеска пак вработена во Агенцијата за разузнавање која е под директна надлежност на Кабинетот.
Сиљановска е иста како Иванов.
Не ни е потребен нов Иванов.
Скопје, 25.04.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА