fbpx

Николоска: Јавната администрација мора да биде ефикасна за граѓаните и за стопанството

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пратеничката на СДСМ Фаница Николоска при гостувањето во емисијата „Детектор“ на телевизија Сител, истакна дека јавната администрација е важна за функционирање на целокупниот јавен сектор, граѓаните и стопанството и мора да биде ефикасна.

Не случајно во новата методологија за пристапни преговори реформата на јавната администрација е ставена во првиот калстер „Основи“ и ние мора да работиме посветено и ангажирано кон реформата на администрацијата, не само заради ЕУ, туку заради граѓаните и самата државата, нагласи Николоска.

Пратеничката Николоска додаде дека реформата е долг процес, не може од денес за утре да се реши функционирањето на јавната администрација.

Мора сите да смогнеме сили заеднички да се вклучиме во тој процес, затоа што и во извештајот на Европската комисија за 2022 година како таргет се ставени носењето на законот за јавни службеници, законот за вработени во јавниот сектор, законот за висока раководна служба и законот за организација и работа на органите на државаната управа, рече Николоска, додавајќи дека дел од овие закони се во завршна фаза и дека и во време на ковид криза реформите не застанале, туку се спроведувале.

Мора да се донесат законите, јавната администрација мора да биде ефикасна за граѓаните и за стопанството, порача пратеничката на СДСМ Фаница Николоска во емисијата „Детектор“ на телевизија Сител.

Последни вести