СДСМ со конкретни мерки продолжува со грижата за граѓаните и нивниот животен стандард.
Владата, предводена од СДСМ со последната одлука, ја прошири листата на производи со замрзнати цени, со 11 дополнителни производи.
Утврдена е максимална цена од 70 денари за килограм свеж домат, 75 денари за килограм свежа краставица, 90 денари за килограм зелени пиперки, 75 денари за килограм грав, 55 денари за килограм лимони и портокали и 70 денари највисока цена за килограм банани.
Се намалуваат и цените на леќата, кромидот, карфиолот и на мандарините.
Со оваа одлука одредени земјоделски производи, како пиперката, гравот и доматот, ќе поевтинат и за повеќе од двојно во споредба со најзастапената цена во малопродажба на 21 март оваа година.
Претходно цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама беше замрзната на 33 денари.
Млекото и млечните производи се поевтини за 10 отсто, а пониски цени имаат и тестенините, јајцата, оризот и хигиенските производи.
Овие мерки се во насока на заштита на стандардот на граѓаните, како и за забавување на растот на инфлацијата во државата.
Со СДСМ никој не е оставен сам да се справува со последиците од кризата, но и не дозволуваме некој да профитира врз грбот на граѓаните.