Реакција на соопштение на Општина Аеродром
Градоначалникот на Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, со лага сака да го прикрие фактот што тој, неговата партија и Левица, партијата чиј заложник се, сакаат да го вратат споменикот на Андон Јанев Ќосето.
Не е точно дека советник од СДСМ гласал ЗА таа популистичка и евтина иницијатива на Левица.
Но точно е дека година и половина Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ немаат реализирано ниту еден проект од програмата, точно е дека ја задолжуваат општината, како што е точно дека само годинава за партиски вработувања ќе се потрошат пет милиони денари, пари на граѓаните.
Наместо проекти и решенија, лажни вести, долгови за граѓаните и обиди враќање на споменици со спорна, толку можат и знаат Муцунски, ВМРО-ДПМНЕ и Левица во Аеродром.