fbpx

Пендаровски од Вевчани: Гласајте за број 3, гласајте за напредок, за себе и за сигурна иднината на младите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Стево Пендаровски, заедничкиот кандидат за претседател, на средба со жителите на Вевчани повика на масовна излезност на престојните претседателки избори.

Гласот за број 3 и концептот за напредок кој го предводам е глас за сугурна иднината на младите, за економските перспективи, подобрување на стандардот, повеќе пари и нови работни места, рече Пендаровски.

„Тргнаа работите. Добивме покана за НАТО и ако продолжиме со реформскиот процес ќе добиеме датум за почеток на преговори во јуни. За две години постигнат е голем успех бидејќи има политичари водат сметка за народот. Затоа е важно напредокот да продолжи“, додаде Пендаровски.

Слоганот на неговата кампања е Заедно Напред, овие два збора, рече Пендаровски, значат живот и напредок во демократски и европски дом.

Последни вести